ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

Од:

Украинската армија има намера да задржи дел од руската територија што ја освои на „одреден временски период“, а очекуваната руска контраофанзива ќе биде тешка борба, изјави денеска заменик-директорот на ЦИА Дејвид Коен.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ќе мора „да се соочи со последиците во неговото општество“ поради губење на дел од руската територија, објави Ројтерс.

На 6 август, Украина започна упад во руската област Курск, каде што тврди дека освоила 100 населени места, додека руските сили продолжуваат полека да напредуваат во источниот регион Доњецк.

Украина сега тврди дека контролира повеќе од 1.200 квадратни километри од руската област Курск.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина