ЦИА отвори профил на Фејсбук и налог на Твитер

Од:

Американската разузнавачка агенција ЦИА вчера отвори профил на Фејсбук и налог на Твитер.

Само 16 часа по отворањето на налогот на Твитер, ЦИА доби 374 илјади следбеници.

– Ние сме првата линија на одбрана на нацијата. Го постигнуваме она што другите не можат да го постигнат и одиме онаму каде другите не можат да одат, пишува во текстот кој ЦИА го објави на Твитер.

Агенцијата квалитетно ги насмеа корисниците на популарната социјална мрежа со својот прв твит.

– Не можеме да потврдиме, ниту да демантираме дека ова е нашиот прв твит, се пошегуваа од ЦИА на своја сметка.

Тие им посакаа добредојде на сите, кои сакаат да ги следат и нагласија дека со задоволство ќе ги споделуваат со нив содржините, кои не се доверливи.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа