Во финална фаза на подготовка се наоѓа тајниот извештај на безбедносните служби на САД за наводните хакерски напади врз американските политички институции.
Тој ќе биде посветен единствено на Русија и нема да го опишува целиот спектар на евентуални закани за Вашингтон во кибер просторот.
Ова го изјави директорот на ЦИА Џон Бренан во интервју за телевизијата „Пи-Би-Ес“.
Американските разузнавачи служби го одложија за 6 јануари специјалниот брифинг за новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во врска со кибер нападите, за што сегашната американска администрација ја обвинува Москва.
Бренан не даде објаснување зошто извештајот на разузнавањето и контраразузнавање на САД се однесува само на Русија.
Истовремено директорот на ЦИА наведе дека „низа земји дејстуваат во дигиталната сфера и развиваат дејности за собирање и откривање на информации“.
Тој не одговори директно на прашањата, поставени од видни експерти, меѓу кои и поранешниот директор на ЦИА, Џејмс Вулси, дека кибер нападите во САД осомничена не е само Русија, туку и други земји, особено Кина.
Бренан одговори позитивно на прашањето дали извештајот на тајните служби ќе биде посветен на наводните врски на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж со Русија.
– Ќе биде засегната и темата за наводните обиди на Русија да се вмеша во американските претседателски избори во корист на Трамп и на штета на поразената кандидатка на демократите, Хилари Клинтон, рече тој.
Во месеците пред изборите истече големо количество документи, украдени во хакерски напад врз системите на Демократската партија. Според извори на американските медиуми разузнавачките служби на САД сметаат дека Русите и ги дале на Викиликс тие документи.
– Извештајот ќе биде точно онаков како што побара претседателот (Барак Обама), сеопфатен и детален преглед на она што се случи за време на неодамнешните избори и мешањето на руската држава, повтори Бренан.
Документот ќе биде потпишан од директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер. кој официјално ја координира работата на сите 16 разузнавачки служби на САД.