Авганистанската полиција денеска соопшти дека чувар во една болница во Кабул ненадејно отворил оган и убил тројца странци, додека уште едно лице е потешко повредено.
Началникот на локалната полиција Хафиз Кан изјави дека чуварот изутриава ненадејно почнал да пука во болницата „Кјур“ во западниот дел на Кабул.
Кан истакна дека еден од тројцата убиени бил лекар, како и дека напаѓачот е член на Заштитните сили на авганистганската полиција, распореден да ја одржува безбедноста во болницата.
Националноста на тројцата жртви засега не е позната.