Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Од:

Човекот кој загина во „Tesla Cybertruck“ кој се запали пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој двапати бил распореден во Авганистан, соопштија денеска официјални лица.

Човекот кој загина во автомобил со футуристички изглед пред хотелот на Трамп е идентификуван како Метју Ливелсбергер, кој служел во Зелените беретки, високо обучени специјални сили кои се користат за борба против тероризмот во странство и за обука на партнери, соопшти денеска американската војска.

Тој служеше во армијата од 2006 година, двапати беше распореден во Авганистан, како и во Украина, Таџикистан, Грузија и Конго.

Тој беше награден со две бронзени ѕвезди, вклучително и една со Медал за храброст, борбена значка за пешадија и армиски медал за пофалба за храброст.

Би можело да ве интересира

Лавров: Путин и Трамп имаа нормален разговор

Пристигна одговорот на Зеленски на договорот Трамп-Путин

Горан Наумовски

Што вели Украина на планот на Трамп за преговори

Катерина Ѓуровски

Трамп и Путин ќе се сретнат во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жестоки реакции од Европа по објавата на Трамп за итен почеток на преговорите за мир ов Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск: Федералните работници се помоќни од претседателот