Човечки синџир во Лондон за ослободување на Џулијан Асанж

Од:

Околу илјада луѓе денеска формираа човечки синџир околу зградата на британскиот Парламент во Лондон, барајќи ослободување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

На транспарентите што ги истакнаа демонстрантите можеше да се прочита „Ослободете го Асанж, нема екстрадиција во САД“, „Новинарството не е криминал“.

Човечкиот синџир се протегал по мостот Вестминстер, домовите на Парламентот и градините на кулата Викторија.

Џулијан Асанж, кој од 2019 година се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор Белмарш во близина на Лондон, ја обжали одлуката на британската Влада да го екстрадира во САД.

Против 51-годишниот Австралиец се води кривична постапка во САД бидејќи во 2010 година на веб-страницата Викиликс објавил повеќе од 700.000 доверливи документи поврзани со активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан.

Тој се соочува со децении затвор доколку биде осуден за шпионажа според законот, кој забранува откривање доверливи информации.

Џулијан Асанж беше уапсен од британската армија во 2019 година, откако помина седум години во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што беше под заштита на тоа дипломатско претставништво.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Џулијан Асанж доби право на жалба на екстрадицијата во САД

Катерина Ѓуровски

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Почнува најважаната битка за спас на Асанж

Сопругата на Асанж: „Тој нема да преживее ако го екстрадираат во САД“

Крај на сагата: Договор меѓу САД и Асанж?

Џулијан Асанж бара да биде ослободен од затвор за погребот на Вивиен Вествуд

Горан Наумовски