Џулијан Асанж бара да биде ослободен од затвор за погребот на Вивиен Вествуд

Од:

Џулијан Асанж бара да биде ослободен од британскиот затвор Белмарш за погребот на неодамна починатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд, изјави сопругата на Асанж, Стела Асанж.

„Таа беше одлична пријателка, голем поддржувач, а нејзиното заминување е огромна загуба“, изјави Стела Асанж за Sydney Morning Herald.

Вествуд беше поддржувач на нејзиниот пријател Асанж повеќе од 10 години, барајќи негово ослободување, а нејзиниот протест во голем кафез за птици беше особено незаборавен, јавува Би-Би-Си.

Таа ја дизајнираше и венчаницата за скромната церемонија на Џулијан и Стела Асанж во затворот Белмарш.

Портпаролот на затворската служба Алан Селби изјави дека е малку веројатно дека на Асанж ќе му биде дозволено да присуствува на погребот, имајќи предвид дека привилегијата е резервирана само за членовите на потесното семејство.

Во исто време, нема експлицитна забрана и затворската управа одлучува за секој случај посебно, додаде Селби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Џулијан Асанж доби право на жалба на екстрадицијата во САД

Катерина Ѓуровски

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Почнува најважаната битка за спас на Асанж

Сопругата на Асанж: „Тој нема да преживее ако го екстрадираат во САД“

Крај на сагата: Договор меѓу САД и Асанж?

Пет големи светски весници ја повикуваат САД да го прекине прогонот на Џулјан Асанж

Катерина Ѓуровски