Членките на Меѓународната агенција за енергија одлучија да пуштат повеќе нафта од резервите

Од:

Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) соопшти дека нејзините земји-членки денеска се согласиле да пуштат повеќе нафта од резервите за итни случаи како одговор на превирањата на пазарот предизвикани од руската инвазија врз Украина.

Агенцијата со седиште во Париз соопшти дека договорот е постигнат на вонреден состанок на министрите, а следната недела ќе објави колку нафта од резервите ќе биде пуштена на пазарот.

МАЕ, која има 31 земја-членка, минатиот месец објави дека ќе пушти 62,7 милиони барели нафта за да го намали недостигот.

Агенцијата соопшти дека нејзините членки забележале значителна нестабилност во цената на нафтата предизвикана од војната, додека комерцијалните акции се на најниско ниво од 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста