Членка на „Пуси рајот“ излезе од затвор и веднаш ја напушти Русија

Од:

Членката на рускиот панк-состав „Пуси рајот“, Вероника Никулшина вчера ја напушти Русија, непосредно по нејзиното излегување од затвор.

– Властите се обидуваат да ни кажат нешто!, рече таа за „Дожд“, независен руски ТВ-канал.

Никулшина отслужи две казни од 15 дена затвор за непочитување на полицијата. По ослободувањето, таа веднаш отиде на аеродром. Никулшина ја напушти Русија со своето момче, а не сакаше да им каже на новинарите каде оди.

Женскиот состав „Пуси рајот“ е познат по своите необични настапи и политички ставови против властите во Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Пуси Рајот“ ја провоцира Русија: Една од членките урнира на портретот на Путин

Членови на „Пуси Рајот“ сакале да упаднат на финалето на светското првенство во фудбал

Судот во Стразбур наложи Русија да исплати отштета на девојките од „Пуси Рајот“

Ана Ололовска

Член на групата „Пуси Рајот“ замина на лекување во Берлин

Ана Ололовска

Две членки на „Пуси Рајот“ се приведени поради протести во Сибир

Наум Локоски