Член на групата „Пуси Рајот“ замина на лекување во Берлин

Од:

Членот на руската група „Пуси Рајот“, Пјотр Верзилов, кој е познат како критичар на Кремљ, синоќа замина на лекување во Берлин, поради сомнеж дека имало обид за негово труење.

Како што јави ДПА; Верзилов беше примен во болница во вторникот поради проблеми со видот, говорот и движењата.

Припадничката на „Пуси Рајот“, Марија Алекина изјави дека е уверена оти Верзилов бил „отруен од политички причини“.

Неговата сопруга Надежда Верзилова, пак, во изјава за „Билд“ истака дека верува оти тој бил смислено затруен со цел да биде поттикнат да изврши самоубиство.

Верзилов и уште три припадничи на „Пуси Рајот“ беа уапсени во јули годинава откако во знак на протест влетаа на стадионот во Москва на кој се играше финалето на Светското фудбалско првенство. Поради овој „упад“, тие беа осудени на 15-дневни затворски казни, кои веќе ги отслужија.

Инаку, Верзилов е уредник на новинарскиот сајт „Медиазона“, кој првенствено третира теми поврзани со кршење на човековите права во затворите во Русија.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз