Член на администрацијата на Буш за шеф на ФБИ

Од:

Американскиот претседател Барак Обамаќе го именува Џејмс Коми поранешниот член на администрацијата на претседателот Џорџ Буш за нов директор на Федералното истражувачко биро (ФБИ) пренесуваат американските медиуми.

Коми во текот на власта на Буш беше втор човек во Министерството за правда, потоа работеше на Волстрит, додека сега е предавач на престижно училиште за право на Универзитетот во Колумбија.

Тој сега ќе го замени досегашниот директор Роберт Милер кој на чело на (ФБИ) е од 2001 година.

Коми беше забележан од јавноста во 2007 година откако јавно се спротивстави на програмата за прислушкување, кога државата презеде низа мерки со кои се проширија овластувањата на надлежните органи на тоа поле.

Тогаш тој сведочејќи пред комитетот за правосудство на американскиот Сенат, ги доведе во прашање мерките за прислушкување кои можеа да се спроведат и без судски налог.

Тој одби да го потпише налогот за продолжување на тие мерки, поради што дојде во судир со тогашната администрација на Белата куќа.

Како што наведуваат медиумите, до промена на врвот во (ФБИ) доаѓа во момент кога администрацијата на Обама се соочува со низа проблеми во неколку истраги, кои ги води таа институција и Министерството за правда.

Една од нив е истрагата за листите на телефоните на новинари на „Асошиејтед прес“, поради проток на податоци за една неуспешна терористичка акција.

Се поставува и прашањето дали (ФБИ) правилно постапи во врска со бостонскиот бомбаш Темерлан Царнајев, кога од Русија доби податоци за него.

Именувањето на Коми треба да го потврди и Сенатот на САД.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак