Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов, оцени дека протерувањето на руските дипломати од Чешка е „клинички случај на западна антируска психоза“.
На таа „психоза“, смета рускиот дипломат, се припишува и обидот во случајот да се вклучат ЕУ и НАТО.
-Чешката приказна не е изолиран случај, туку е дел од моменталната антируска психоза на Западот. Повеќе не станува збор за хистерија, туку за психоза, апсолутно клинички случај”, порача рускиот дипломат Владимир Чижов во интервју за Тасс.