Блокирањето на реализацијата на проектот „Јужен поток“ од страна на Европската комисија е поврзано со кризата во Украина, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов.
– Има директни докази дека активностите на Европската комисија во однос на „Јужен поток“ се директно поврзани со кризата во Украина, додаде Чижов.
Тој истакна дека во едно од последните интервјуа за германските медиуми, еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер директно го поврзал прашањето за изградба на „Јужен поток“ со ситуацијата во Украина.
– „Јужен поток“ без сомнение е директно поврзан со Украина, со оглед на тоа дека по неговата изградба земјата ќе го загуби монополот во транзитот, додде Чижов.