Чикаго поладен и од Антарктикот, температури до -53 степени

Од:

Делови од Соединетите Американски Држави до крајот на оваа недела ќе ги зафатат многу ниски температури кои ќе се спуштат д -53 степени, предупредуваат метеоролозите.

Најладно ќе биде во среда, кога се очекува Чикаго да биде поладен од Антарктикот.

Екстремно ниските температури во САД ќе ги почувствуваат најмалку 55 милиони луѓе.

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисип, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните за време на престојот надвор од своите домови, да не дишат длабоко и да не зборуваат многу.

На северозападот на САД затворени се повеќе од илјада училишта.

Американскиот метеоролошки завод објави дека само 10 минути на ваква температуа може да доведе до сериозни нарушувања.

Во врска со ладниот бран се огласи и претседателот Доналд Трамп на Твитер:

„Што се случи со тоа глобално затоплување? Го молам да се врати брзо, ни треба“.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел