Чикаго како воена зона – солзавец, гумени куршуми и пукање

Од:

Солзавец, гумени куршуми и огнено оружје – ова е резултатот од првиот ден од полициската акција против демонстрантите во Чикаго, пред најавените апсења и депортации на нелегални имигранти во овој град.

„Овој град е воена зона“, изјави министерката за внатрешни работи Кристи Ноем, обвинувајќи го градоначалникот на Чикаго дека „лаже за криминалците да можат да продолжат да ги уништуваат животите на луѓето“.

По размената на шишиња и солзавец, што се случува во Чикаго веќе некое време, полицијата вели дека била принудена да употреби огнено оружје откако жена, чие име не е објавено, удрила со своето возило во полициско возило и лесно повредила неколку полицајци.

Потоа федералните агенти ја застрелаа и ја ранија жената, која се пренесена во локалната болница каде, откако била преврзана, била пуштена на домашно лекување, објавува Чикаго Трибјун.

„Федералните агенти биле принудени да го употребат своето оружје и испукале неколку истрели во самоодбрана кон американски државјанин, кој потоа бил однесен во болница“, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Трејси Меклахлин.

Администрацијата на Трамп објави на почетокот на септември дека ќе ја започне „Операцијата Мидвеј Блиц“ во Чикаго, насочена кон криминални елементи меѓу нелегалните имигранти. Причината за оваа акција беше смртта на Кејти Абрахам, која беше убиена од возач кој немаше валидни документи.

И покрај притисокот од Вашингтон, гувернерот Плицер рече дека таков потег е во спротивност со духот на кој се темелат Соединетите Американски Држави и дека федералните трупи се испраќаат на улиците на градовите против волјата на локалното население.

Во процесот што доведе до распоредување на Националната гарда во Калифорнија и Орегон, Трамп се повика на закон што му дава можност на претседателот да ја распореди војската за спроведување на законите во случај на бунт или инвазија.

Со спротивставување на ваквите објаснувања од Белата куќа, властите во Портланд успеаја да добијат пауза во распоредувањето на Националната гарда во судовите. Во случајот со Калифорнија, се очекува Апелациониот суд да донесе одлука до крајот на годината.

Во Илиноис засега нема судски постапки, но Американската унија за граѓански слободи го обвини претседателот дека ја користи војската за заплашување на милиони Американци.

Пукањето во Чикаго е само дел од поширокиот проблем што го тресе Чикаго во средината на најавената акција против имигрантите, бидејќи локалното население се организираше и го пријави движењето на агентите до потенцијални цели преку социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Пукање во Њу Хемпшир, еден е убиен, неколкумина се повредени

Најмалку 13 лица повредени во две пукотници во Минеаполис

(ВИДЕО) Тројца полицајци се убиени, а двајца се ранети во Пенсилванија

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

Трамп ќе ја испрати Националната гарда во Чикаго и Балтимор