Битлси, Мик Џегер, Роби Вилијамс, принцезата Дијана и Дејвид Бекам се меѓу личностите кои би можеле да се најдат на новата банкнота од 10 фунти.
Според весникот The Mirror, Банката на Англија објави листа на 150 истакнати Британци предложени од јавноста за ликот од едната страна на новата банкнота од 10 фунти од серијата Ф, којА ќе ја замени сегашната серија Е на која е ликот на Чарлс Дарвин.
На листата се и: Вилијам Шекспир, Винстон Черчил, суфражетката Емелин Панкхерст, Џон Клиз, Стивен Хокинг, Сер Александар Флеминг, и моменталниот фаворит, со 25.000 гласови, криптографот Алан Тјуринг, кој работел на разбивањето на шифри во Втората светска војна, почина во 1954. во 42 година откако беше прогонуван поради неговата хомосексуалност.