Во Сиера Леоне официјално е потврдено дека од ебола починал и четврти лекар, и тоа откако не е овозможено негово префрлување на лекување во странство.
Локалните власти потврдија дека починал лекарот Оливер Бак, државјанин на Сиера Леоне.
Сиера Леоне бараше средства од СЗО да го префрли Бака на лекување во Германија, но Светската здравствена организација соопшти вчера дека ќе му овозможи најдобра можна нега во Сиера Леоне.
Од ебола се заразени над 300 здравствени работници во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а според СЗО, речиси половина од тој број починале.
Во Западна Африка од вирусот ебола досега починале над 2.400 луѓе од вкупно регистрирани 4.784 случаи, но тој број е веројатно далеку поголем, соопшти во петокот СЗО.