Италијанскиот блок од левиот центар, во кој се Демократската партија, Движењето пет ѕвезди и Слободна и еднаква Италија, денеска ќе стави празни гласачки ливчиња во гласачките кутии, како дел од четвртиот круг од претседателските избори, се наведува во заедничката изјава.
Се додава дека овој блок е подготвен да разговара со партиите на десниот центар за да се најде заеднички кандидат кој „ќе ги претставува сите Италијанци“.
Дека ќе ги заобиколат изборите претходно најавија и партиите од десниот центар.
Третиот круг на гласање за нов претседател на Италија вчера не донесе победник.
На потенцијалниот претседателски кандидат за да биде избран му требаше двотретинско мнозинство во кој било од трите круга на гласање, но во четвртиот круг, кој се одржува денеска, ќе биде доволно апсолутно мнозинство.
За време на вчерашното гласање голем број пратеници предадоа празни ливчиња, како и досега, но значителен е бројот на оние кои го ставија името на претседателот во заминување Серџо Матарела, кој одби да прифати нов мандат. Гласањето се повторува се додека еден од кандидатите не добие доволно гласови.
Извор: МИА