Четврта генерација на Mercedes-Benz C класа

Од:

Се појави и четврта генерација на Mercedes-Benz C-класа, седанот и караванската верзија ќе имаат свое деби на салонот во Женева во 2014 година, а една година подоцна ќе излезат купето и кабриолетот.

Должината на новиот модел ќе се зголеми за 100 mm (до 4.691 mm). Меѓуоскиното растојание ќе се зголеми од 2.760 на 2.820 mm, а ширината од 1.770 на 1.810 mm. Ќе порасне и обемот на багажниот простор од 475l од сегашната генерација, на 485 l.

Во палетата мотори на новата C- класа ќе влезат 4 и 6 цилиндерски бензински мотори кои започнуваат од 2.0 литри со моќност од 186 КС и завршуваат со 3.0 твин-турбо со 335 КС.

Меѓу дизелите ќе се најде модернизираната верзија на досегашниот 2.1 литарски четирицилиндерски агрегат, а исто така и 1.6 моторот на Renault со моќност од 180 КЅ.

Во 2015 година ќе се појави хибриден погон, како и бензински мотори со зафатнина од 1.6 и 1.8 литри, кои ќе бидат од заеднички германско-француски развој. Последна на пазарот ќе излезе AMG-верзијата со 4.0 литарски твин-турбо, осумцилидерски мотор. Менувачите ќе бидат 6-брзински мануелен и доработен 7-брзински автоматски. Новиот 9-степен автоматски менувач развиен од Mercedes-Benz, ќе се појави дури во 2017 година.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ