Бомбаш-самоубиец денеска нападна популарен ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу, при што загинаа четри лица.
Напаѓачот го активирал експлозивот што го имал на себе откако влегол во ресторанот „Вилиџ“. Тројца посетители загинаа во експлозијата, како и напаѓачот.
Тоа е трет бомбашки напад врз ресторанот, кој се наоѓа спроти Националниот театар на Сомалија.