Четири луѓе загинаа, а најмалку 150 други се повредени денеска во судир на два патнички воза во германската покраина Баварија, објавија германски медиуми.
Десетмина од повредените патници се во критична состојба. Дел од патниците се уште се заглавени во возовите.
Железничката несреќа се случи утрово во реонот на градот Бад Ајблинг.
Како резултат од директниот судир еден од возовите излетал од шините.
Портпартолот на полицијата Јирген Талмајер изјави дека возовите се судриле меѓу локалните железнички станици Холкирхем и Розенхајм.