Четири лица загинаа, а 12 се повредени во судири меѓу демонстранти и полиција во едно предградие на Каиро.
Според податоците на Министерството за здравство, меѓу жртвите има двајца полицајци и еден војник.
Немирите кај полициската станица во Шобре ел-Хајме започнале рано изутринава, кога таму се собрале роднини и пријатели на еден Египќанин кој бил убиен од полицијата.
Стравувајќи од немири, на оваа локација биле однапред зајакнати безбедносните мерки, но демонстрантите и покрај тоа се обиделе да ја заземат станицата.
По судирите полицијата успеала да ги растера учесниците во протестот.