Четворица припадници на Мултинационалните сили на НАТО во Авганистан загинаа денеска при напад во база на Алијансата крај Кабул, што го изврши авганистански војник, јави ИТАР-ТАСС.
Претставник на Силите на НАТО во Авганистан соопшти дека инцидентот се случил во базата „Кемп Карга“ западно од Кабул.
Во кампот војниците на НАТО ги обучуваат авганистанските војници.
Во 10 вакви напади, познати и како „внатрешни“, во 2013 година загинаа 16 лица. Во текот на 2012 година имаше 38 слични напади во кои загинаа 53 војници на мултинационалните сили.