Најмалку четворица рудари загинаа, а шестмина се затрупани во одрон во рудник за јаглен во централниот дел на Филипини, соопшти полицијата, пренесе ДПА
Извлекувањето на телата на жртвите од одронот се изведува во отворениот рудник во градот Калува, во провинцијата Антик, на 300 километри јужно од Манила.
-Во областа во последните два дена имаше поројни дождови и затоа верувам дека одронот беше предизвикан од тоа, изјави регионалниот директор на полицијата Агримеро Круз.
Тројца работници се спасени и префрлени во болница, дополнува ДПА.
Рударската компанија „Семирара“ соопшти дека ги истражува причините за несреќата и ги стопира операциите се додека не биде сигурна дека персоналот е безбеден.