Четворица неонацисти планирале напади врз центрите за азиланти

Од:

Четворица германски неонацисти се изведени на судење во Минхен, обвинети за планирање бомбашки напади врз центрите каде се сместени азиланти.

Тројца мажи и една жена, формирале крајно-десничарска група, нарекувајќи ја „Друштво од старото училиште“ (ОСС).

Обвинителството тврди дека групата тајно донела од странство експлозивни материјали, како и дека се подготвувале да изработат бомба наполнета со клинци, што требало да биде фрлена врз еден центар за азиланти.

Полицијата ги уапсила во текот на една опсежна рација, на само два дена пред планираниот напад.

Нападот бил планиран за 5 мај минатата година, во бегалскиот центар во Борна, во источногерманската сојузна држава Саксонија.

Оваа држава во источниот дел на Германија, подолго време е позната по тензиите што се шират од страна на крајнодесничарските групи кон мигрантите.

Четворицата истомисленици прво комуницирале меѓусебе преку социјалните мрежи, најчесто преку Фејсбук, пред да се одлучат да формираат група која тајно ќе прави заговори против азилантите и мигрантите во Германија.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке