Четворица министри во словачката Влада од партијата Слобода и солидарност поднесоа оставки

Од:

Министри на словачката Влада од централно-десничарската партија Слобода и солидарност денеска поднесоа оставки на функциите, откако нивната партија побара да го напуштат кабинетот поради судир со другите коалициски партнери, јавија британските медиуми.

Тоа значи дека со овој чекор се изгуби парламентарното мнозинство за поддршка на владата.

Во словачката Влада имаше четворица министри од партијата Слобода и солидарност.

Премиерот на Словачка Едуард Хегер изјави дека владата ќе продолжи да функционира како малцинска, а за промените во кабинетот ќе го информира словачкиот претседател пред да и ги соопшти на јавноста следната недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он