Најмалку четворица авганистански војници загинаа, а 12 лица се ранети, меѓу кои и шест цивили, во експлозија на бомба, која ја поставиле талибанските екстремисти крај пат во Кабул, соопштија денеска авганистанските власти.
Цел на нападот беше автобус со авганистански војници во западниот дел на Кабул, соопшти Министерството за одбрана.
Талибанците, кои оваа година ги зајакнаа нападите против авганистанските сили за безбедност ја презедоа одговорноста за нападот преку својот официјален налог на Твитер.
Американската војска проценува дека меѓу седум и девет илјади авганистански полицајци и војници се убиени од почетокот на оваа година.