Четворица астронаути ја напуштија вселенската станица, откако беа половина година во вселената

Од:

По околу шест месеци во вселената и неколку одложени полетувања, двајца американски астронаути, еден руски астронаут и еден јапонски астронаут ја напуштија Меѓународната вселенска станица (ISS) во приватната капсула за вселенски летови SpaceX на Илон Маск, објави НАСА.

Капсула со четворица вселенски патници се одвои од ISS, објави американската вселенска агенција, а тие треба да стигнат до Земјата во недела навечер.

Поаѓањето на ISS со членовите на Crew 5, кој го сочинуваат астронаутот на НАСА, Никол Аунапу Ман, нејзиниот колега Џош Касада и јапонскиот астронаут Коичи Ваката и руската космонаутка Ана Кикина, неколкупати беше одложувано поради временските услови. Тие првично требаше да заминат пред неколку дена.

Капсулата Crew 5 беше лансирана во октомври од Кејп Канаверал. Тоа беше прво заедничко лансирање на астронаути на НАСА и руски космонаут од американско тло од почетокот на руската војна против Украина пред повеќе од една година.

На ISS остануваат руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, како и астронаутот на НАСА Френк Рубио и членовите на Посада 6, кои пристигнаа таму пред само неколку дена. Тој екипаж го сочинуваат Американците Стивен Бовен и Ворен Хобург, Русинот Андреј Федјаев и Султан ал Нијади од Емиратите.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски