Четири нови хемиски елементи се службено додадени во периодичниот систем, со што е комплетиран неговиот седми ред, објави ББЦ.
Тоа се првите елементи вклучени во периодичниот систем од 2011 година, кога беа додадени елементите 114 и 116, подоцна именувани флеровиум и ливермориум.
Табелата на хемиски елементи прв ја состави рускиот хемичар Дмитриј Менделејев во 1869 година.
Новите елементи формално ги верификуваше Меѓународната унија на чиста и применета хемија. Ова тело објави дека американските и руските научници пружиле доволно докази за постоење на елементите 115, 117 и 118. Откритието на елементот 113 им е припишано на јапонските хемичари од Институтот Рикен.
Четирите елементи е невозможно да се пронајдат во природата бидејќи станува збор за синтетички елементи кои можат да се создадат само во лабораторија и бидејќи времето на распаѓање се мери во секунди, исклучително е тешко да се докаже нивното постоење.
Групите научници што ги откриле елементите, сега ќе имаат право да ги именуваат. Називите можат да ги дадат по нешто митолошко, по минерал, место или земја, по некој имот или лице. Називот на елементот мора да го потврди Меѓународната унија на чиста и применета хемија по јавна расправа.