Четири лица загинаа во семејно насилство во близина на Чикаго

Од:

Четири лица се убиени во пукање во предградието на Чикаго, Тинли Парк, а властите го опишаа инцидентот како „случај на семејно насилство“.

„Сторителот е во притвор, а местото на настанот е обезбедено. Поради тековната истрага, ги замолуваме жителите да се држат настрана од областа“, се вели во соопштението, пренесува АП.

Официјалните лица веднаш не објавија повеќе информации за пукањето.

Американските медиуми јавија дека четири жени се убиени во пукање во јужните предградија на Чикаго.

На прес-конференција попладнево, началникот на полицијата во Тинли Парк, Том Тилтон, рече дека нема закана за јавноста.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина