Четири лица загинаа во Индија во невреме кое зад се себе остави пустош

Од:

Најмалку четири лица загинаа денеска во циклонско невреме во јужната индиска држава Тамил Наду, изјави висок државен претставник.

Силен дожд и ветрови зафатија неколку области во државата Тамил Наду, оштетувајќи имот и предизвикаа прекини на електричната енергија, објави Ројтерс.

Циклонот Мандус, кој падна на копно во петокот доцна навечер, оштети 185 куќи и колиби. Невремето откорна 400 дрвја во главниот град на државата Ченаи.

Речиси 25.000 луѓе, вклучително и персонал за помош при катастрофи, беа вклучени во напорите за помош и повеќе од 9.000 луѓе беа евакуирани на безбедно во 201 камп за помош.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

ВИДЕО: Циклон уништи остров во Индискиот океан, се стравува дека има 1000 мртви

Катерина Ѓуровски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени