Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

Од:

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар што избувна во куќа во едно од селата во регионот на Новосибирск.

„Ноќта на 27 јуни 2024 година, приватна куќа се запали во едно од селата во областа Убино. Утврдено е дека во куќата има две жени и две деца. Седуммесечното дете е хоспитализирано“ објави РИА Новости.

Инспекторите заедно со вработени во Министерството за вонредни состојби вршат увид на местото на несреќата за да се утврдат причините за пожарот.

Обвинителството кое ја покрена кривичната постапка смета дека причина за пожарот се неисправни инсталации, но се уште се истражуваат сите околности.

Би можело да ве интересира

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците