Четири кинески градови забранија божикни украси

Од:

Најмалку четири кинески градови и еден цел регион забранија божикни украси на улиците, христијанските цркви се предупредени да не пуштат деца за време на божиќните празници, а најмалку 10 училишта низ целата земја забранија во нивните објекти да се слави Божик.

Во повеќето делови на Кина, масовните божикни купувања и размена на подароци се широко распространети, но највисоко политичко ниво на владејачката Комунистичка партија, акцентот го става на традиционалната кинеска култура. Во времето на претседателот Си Џинпинг, потиснувањето на религијата е системска практика која му се заканува и на Дедо Мраз, коментираат светските агенции.

Тешко е да се добие целосна слика за тоа колку широко се распространети забраните за прослава на Божик, но истражувачите велат дека овие забрани се интензивираат за време на владеењето на Си. Се чини дека не постои централно организирана кампања против Дедо Мраз, туку расте отпорот кон „увозни“ традиции од страна на локалните власти кои сакаат да го поддржат бранот растечки културен национализам.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија