Честитка од Клинтон за Денот на независноста

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон упати честитка до Република Македонија по повод Денот на независноста, 8. Септември.

„На овој посебен ден, го реафирмираме партнерството меѓу нашите народи. Оваа годишнина им дава можност на граѓаните на Македонија да погледнат назад кон нивната заедничка историја и наследство, како и да погледнат напред кон иднината во која земјата е силна, напредна демократија која е целосно интегрирана во евроатланската заедница“, пишува во честитката од Клинтон по повод 8. Септември, упатена во името на претседателот на САД, Барак Обама.

„Соединетите Американски Држави остануваат посветени да и помагаат на Македонија да ги засили своите мултиетнички и демократски институции. Во соработка со вашите лидери и со граѓанското општество, ќе работиме да го подобриме образованието, да ја промовираме медиумската слобода и владеењето на правото, и да ги засилиме демократските темели витални за едно динамично, инклузивно, мултиетничко општество“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако се најде на „црната листа“ на САД

A1on

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата