Чесите протестираа против растечкиот популизам и екстремизам, ја поддржаа Украина

Од:

Десетици илјади Чеси се собраа на главниот плоштад во Прага денеска за да протестираат против зголемениот популизам и екстремизам, два дена откако коалицијата на екстремно десничарските политички движења, маргинални групи и Комунистичката партија одржаа протест на истото место.

Веејќи чешки, американски, НАТО и украински знамиња, изразија поддршка за Украина во нејзината војна против Русија, за разлика од протестот во петокот кога организаторите кои беа против Европската унија и НАТО повикаа на директни преговори со Москва за снабдување со гас.

Организаторите објавија дека – и покрај стравувањата за високите цени на енергијата и војната во Украина – иднината на демократијата е загрозена.

Демонстрациите вклучија и видео настап на украинската прва дама Олена Зеленска, која ги повика луѓето да останат фокусирани на она што се случува во нејзината земја.

Високите цени на енергијата, поттикнати од војната во Украина, го зголемија притисокот врз владите ширум Европа да го ублажат ударот од зголемените трошоци за енергија за потрошувачите и бизнисите.

Во Чешка, владата на премиерот Петр Фиала ги поддржа санкциите на ЕУ против Русија и зазеде цврст став против инвазијата на Москва на Украина. Донесе и низа мерки, вклучително и финансиска помош за компаниите и ограничувања на цените на струјата за домаќинствата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница