Чесите не ја одобруваат амнестијата на Клаус

Од:

Со обемната амнестија, која на 1 јануари ја прогласи чешкиот претседател Вацлав Клаус, а за која се претпоставува дека ќе опфати 20.000 осуденици, не се согласуваат 82,2 проценти од Чесите. Според најновата анкета, направена од компанијата „Медиан“ за Чешката државна телевизија, кај луѓето најголемо неодобрување (92 проценти) има за помилувањето на лица против кои повеќе од осум години се води постапка за сторен стопански криминал или корупциска афера.

Само шест проценти од анкетираните сметаат дека и за овие случаи треба да важи амнестијата. Речиси 90 проценти Чеси сметаат дека претседателот Клаус треба детално да ги објасни причините за амнестијата. Вкупно 83 проценти од испитаниците мислат дека амнестијата ќе влијае на порастот на криминал во земјата.

Чешкиот претседател Клаус на почетокот на годината прогласи амнестија во чест на одбележувањето на 20-годишнината од разделувањето на Чешката и Словачката федеративна Република (ЧСФР) и создавањето на самостојна Чешка. Прогласената амнестија наиде на многубројни критики, а на оправдувањето на Клаус дека помилувањето е донесено согласно европската судска практика реагираше и Унијата на јавни обвинители.

Унијата предупреди дека Европскиот суд ги оценува случаите индивидуално со испитување на специјалните околности и во случај на опструкција на обвинетиот кои околности според нив во рамки на паушалната амнестија не можат да се согледаат. Јавните обвинители, како и повеќе правни експерти сметаат дека стопирањето на кривичната постапка за предметите постари од осум години ќе им оневозможи на оштетените да остварат обесштетување.

Критичарите опоменуваат дека амнестијата, покрај на минорните кривични дела се однесува и на повеќе од десетици големи корупциски скандали од крајот на 90-те години на минатиот век, чии учесници направиле штети за повеќе од 80 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица