Чесите и Словаците по разводот, најмногу се сакаат меѓу себе

Од:

Чесите и Словаците, 20 години по “кадифениот развод”, распадот на поранешната заедничка држава, сега заедно во европската унија,стабилно, најмногу се сакаат – едни со други.

Траги од Чехословачка може да се видат насекаде, на факултетите, во продавниците или болниците, каде често се слуша словачкиот јазик на продавачките или на медицинските сестри и лекари, или на овдешните ТВ станици, каде што пресметале дека попрофитабилно е шоуто за
потенцијални 15 милиони луѓе.

“Поделбата на Чехословачка предизвика позитивни односи помеѓу Чесите и Словаците”, рече словачкиот претседател Иван Гаспарович воочи годишнината на распадот.

Своевремено на 15-годишнината на распадот истото го констатира и еден од најжестоките поборници за поделбата, кој поради договорот на националните влади предводени од чешкиот премиер Вацлав Клаус и словачкиот Владимир Мечијар поднесе оставка од функцијата претседател на Чехословачка – лидерот на Кадифената револуција, а подоцна и прв претседател на независна Република Чешка Вацлав Хавел.

Како што сега вели поранешниот словачки премиер Микулаш Ѕуринда, политичките елити во спорот околу тоа на чиј трошок се одржува Федерацијата, кој повеќе губи – Прага или Братислава, одлучија дека разводот е подобро решение отколку да ескалираат тензиите и влошените односи како кога толпата во Братислава во 1991 година. скандираше “доста е од Хавел” и го гаѓаше сојузниот претседател со јајца.

“Иако разводот дојде одозгора, луѓето го прифатија”, вели сега Ѕуринда.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он