Чешките пратеници денеска, првпат во историјата, ќе гласаат за распуштање на Собранието, јави дописникот на МИА од Прага.
Иницијативата потекна од опозицискaтa Чешка социјалдемократска партија (ЧССД), која бара предвремени избори по падот на коалициската влада на Петр Нечас и не се согласуваат со формирањето на техничка Влада по предлог на претседателот Милош Земан.
За распуштање на Парламентот е потребна поддршка од најмалку три петтини од пратеничкиот состав, односно од 120 пратеници.
Со оглед на тоа што опозицијата го нема потребниот број гласови, а поранешната владина коалиција се изјасни дека нема да го поддржи предлогот, не се очекува распуштање на собранискиот состав.
Доколку сепак, предлогот помине, Долниот дом на Парламентот ќе го распушти претседателот на државата и во рок од два месеци треба да се одржат нови избори.