Чешките комунисти го слават 1. Мај

Од:

Симпатизерите и членовите на Комунистичката партија на Чешка и Моравија (КСЧМ) денеска во чест на Денот на трудот традиционално излегоа низ улиците на Прага.

Меѓу луѓето кои носат транспаренти, на кои има пораки против актуелната власт, излегоа да говорат пратеници и симпатизери на партијата, јави дописникот на МИА од Прага.

– Демократијата плаче кога ја гледа сиромаштијата и секојдневното кршење на човековите права во оваа земја, порача пратеничката Марта Семелова. Според неа, актуелните документи се полни со историски лаги кои имаат за цел да и помагаат на антикомунистичката пропаганда која активно се води во земјата.

Комунистичката партија во Чешка има се повеќе приврзаници и во Парламентот ја претставуваат 26 пратеници. Последните анкети покажуваат дека доколкусега има парламентарни избори, КСЧМ би добила над 15 проценти поддршка и според бројот на пратеници би била трета парламентарна партија.

Националистите од Работничката партија за социјална правда во земјата, најавија дека денешниот ден ќе го искористат за да го искажат своето мислење кон Европската унија.

Чешките социјалдемократи (ЧССД) како и секоја година планираат средби со своите сопартијци и поддржувачи.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица