Чешкиот претседател рекламира велосипеди на билборди во Кина

Од:

„Превозно средство за чешкиот претседател“, пишува на билборд во Кина, на кој е фотографиран Вацлав Клаус на електричен велосипед.

На рекламата која ја објавија чешките медиуми, стои и автограм на првиот човек на чешката држава. Тој изјави дека немал претстава дека таков билборд постои.

Интересно е што фотографијата е направена пред две години кога Вацлав Клаус доби електричен велосипед како подарок од чешка филијала на едно кинеско претпријатие. На церемонијата на предавањето, Клаус пред присутните го повози велосипедот.

Во знак на благодарност, Клаус во Кина на директорот на претпријатието му испрати една потпишана фотографија, изјави Томаш Брезина од чешкото претставништво.

Чешкиот претседател не претпоставувал дека тоа ќе се искористи за реклама дури во Кина.

Целиот случај беше откриен случајно, кога еден Чех при посетата на Кина ја направил фотографијата.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница