Чешкиот премиер Бабиш се соочува со гласање недоверба

Од:

Владата на борбениот популистички чешки премиер Андреј Бабиш денеска треба да се соочи со гласање недоверба во парламентот, јави ДПА.

Бабиш е критикуван за судир на интереси како политичар и основач на деловен конгломерат и му се заканува кривично гонење за измама поврзана со субвенции од ЕУ. Тој е обвинет и за неуспехот во борбата против коронавирусот, додава ДПА.

Претставници на пет опозициски конзервативни и либерални партии во вторникот соопштија дека планираат да го поднесат предлогот за гласање недоверба на владата.

За успешно гласање недоверба потребно е просто мнозинство од сите 200 членови на парламентот. Петте партии заедно имаат 68 пратеници, а дополнителни гласови се очекуваат од десничарските пратеници.

Ставот на комунистичкиот КСЦМ, партија која се уште не одлучила дали нејзините 19 пратеници ќе гласаат против владата или ќе го напуштат парламентот, се смета за одлучувачки за исходот од гласањето.

Во историјата на Чешка досега имало само едно успешно гласање недоверба на владата.

Без оглед на резултатот од гласањето, претседателот Милош Земан најави дека владиниот кабинет ќе остане се до парламентарните избори на почетокот на октомври.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица