Чешкиот парламент одобри распоредување војници во Словачка

Од:

Чешката Република одобри распоредување на 650 војници на територијата на својот партнер во НАТО и сосед Словачка.

Долниот дом на чешкиот Парламент денеска даде поддршка за предлогот. Сенатот веќе го одобри испраќањето на војниците, кои се дел од мултинационалната борбена група која е распоредена за зајакнување на источното крило на НАТО додека трае инвазијата врз Украина. Словачка има заедничка граница од речиси 100 километри со Украина.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова го истакна симболичното значење на распоредувањето.

Чешката Република и Словачка мирно излегоа од поранешна Чехословачка на 1 јануари 1993 година. Тие дотогаш имаа заедничка армија.

Трошоците за распоредувањето на војниците се проценуваат на околу 23 милиони долари.

Во борбената група, освен Чешка и Словачка, свој придонес имаат и Германија, Словенија, Полска и Холандија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо