Патријархот на Православната црква, митрополитот Криштоф е обвинет дека со своите љубовници има дури десет вонбрачни деца.
-Постојат докази, фотографии и друг материјал. Дури и адресите на тие жени. Се работи од три до десет деца, изјави за чешката телевизија „Нова“, секретарот на православната парохија во Прага, Ладислав Милко.
Во обвинението до црковниот суд, се наведува дека љубовната врска на Криштоф со сопругата на еден православен свештеник траела седум години.
Патријархот Криштоф ги отфрли сите обвиненија.
-Имам две деца но од времето пред да се замонашам. Не знам за никакви други деца. Има некои фотографии, но тие се од јавни состаноци и не укажуваат дека со некоја од нив сум во врска, изјави патријархот.
Епископите на православните цркви треба да одлучат дали обвиненијата се веродостојни.
Елена Георгиевска