Чешки министер се обидел да спречи екстрадиција на руски бизнисмен

Од:

Чешкиот министер за финансии Мирослав Калоусек се обидел да спречи одлетување на авион во кој се наоѓал руски стопанственик кој во Русија бил осомничен за поткуп на припадник на тајна служба и проневера, објавија медиумите.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Калоусек ја потврди информацијата, додавајќи дека се обидел да спречи меѓународен скандал, бидејќи во земјата се уште не била завршена процедурата за доделување политички азил за бизнисменот Алексеј Торубаров во Чешка, покрената на негово барање.

Според Торубаров, тој во својата земја бил под притисок на руската тајна служба, полиција и мафија.

Со оглед на тоа што против него имало покренато меѓународна потерница, чешкиот министер за правда Павел Блажек се одлучил за екстрадиција.

Министерот за финансии, сметајќи дека не е испочитувана докрај процедурата, а со глед на тоа што прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“ е во негова надлежност наредил сите вработени и физички, со паркирање на цистерна пред рускиот авион да го спречат одлетувањето.

Сепак авионот одлетал и семејството на Торубаров против чешкиот министер за правда покрена кривична пријава.

Причината за спорот меѓу двајцата министри во чешката влада, предложени од коалиционите партнери Граѓанската демократска партија и ТОП 09, говори за криза во владината коалиција, ако се има предвид дека неодамна и на локално ниво партиите ја прекинаа соработката.

Само пред неколку дена, политички азил во Чешка доби рускиот православен свештеник Сергеј Баранов, кој минатата година привлече внимание пишувајќи протестно писмо до Московскиот и серускиот патријарх Кирил застанувајќи во одбрана на притворените членки на панк – рок групата „Пуси Рајот“.

Власта во Чешка, веќе ги има „заладаено“ односите со Украина откако во последните години одобри политички азил за Олександ Тимошенко, сопругот на украинската поранешна премиерка Јулија Тимошенко и Бохдан Данилишин, поранешниот министер за економија во нејзината Влада.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица