Чешки археолози откриле гробница на египетска принцеза

Од:

Чешките археолози во Абисур во близина на египетскиот главен град Каиро пронашле гроб на принцеза од петтата династија, од периодот помеѓу 2500 до 2350 година пред нашата ера.

Според нив, ова најголемо уникатно откритие во последните 20 години, е нова гробница, чија фасада е украсена со статуи.

Внатре се најдени украсени лажни врати и четири бисти на принцезата Нефер, што значи убавица.
Гробницата со сала на влезот и ходник кој води кон надгробните споменици била врежана во карпа и се наоѓа на познатата некропола на староегипетските владетели.

Хиероглифите на украсените столбови откриваат дека тоа е гробница на „ќерката на кралот, на сопствената крв, на неговата омилена, со почит кон моќниот Бог“.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет