Чешката Влада сака да ги „замрзне“ платите на политичарите пред изборите

Од:

Чешката владина коалиција сака да ги замрзне платите на политичарите во следните пет години, потег што доаѓа непосредно пред парламентарните избори што ќе се оддржат во петок и сабота, јави ДПА.

За предлогот на популистичката партија АНО (ДА) на премиерот Андреј Бабиш и социјалдемократската ЦССРД денеска гласаа 133 пратеници, а само еден пратеник беше воздржан и ниту еден против.

Предлог-законот сега ќе оди во Сенатот, Горниот дом на парламентот. Но, навременото одобрување е неизвесно во ова парламентарно тело.

Критичарите сметаат дека потегот на владините партии е популистички обид во последен момент да се придобијат гласачите, додава ДПА. Доколку планот не успее, платите на парламентарците и министрите најверојатно до крајот на годината ќе се зголемат за околу шест проценти.

Претходното автоматско зголемување на пшлатите се темелеше на општото зголемување на платите.

-Тоа би било навистина скандалозно во сегашната ситуација, рече Бабиш.

Шефот на владата во моментов е под огромен притисок поради новите обвинувања произлезени од објавените документи во аферата „Пандора“. Според овие документи, Бабиш во 2009 година купил голем имот во Франција неколку компании за школки.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница