Чешката Влада го одобри назначувањето на сопругата на Вацлав Клаус за амбасадор во Словачка

Од:

Чешката Влада на Јиржи Руснок, го поддржала именувањето на Ливија Клаусова, сопруга на поранешниот претседател Вацлав Клаус за амбасадор во соседна Словачка, објави чешкиот весник „Лидове новини“.

Премиерот Руснок кој е во оставка, потврди дека на една од претходните владини седници се разговарало за амбасадорски места, но не соопшти имиња.

Клаусова, за време на претседателската кампања, отворено го поддржа Земан, напаѓајќи ја сопругата на неговиот противкандидат Карел Шварценберг заради тоа што живее во Австрија и не зборува добро чешки јазик.

Земан пак, нејзиното назначување на амбасадорска функција го спомна веднаш по стапувањето на претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица