Чешка во врска со миграциската криза привремено ќе испрати во Унгарија 20 војници, превозни средства и теренска кујна, соопшти началникот на Генералштабот на чешката Армија Јосиф Бечвар.
Според Бечвар, чешката војска на унгарска територија преку која поминуваат голем број бегалци кои одат кон западна Европа, ќе престојува два месеци, јави дописникот на МИА.