Чешка усвои закон со кој се забранува влез во земјата на странците кои прекршиле човекови права

Од:

Претставничкиот дом на чешкиот Парламент денеска усвои закон со кој се дозволува државата да им забрани влез на странци во земјата или да им ги замрзне имотите доколку извршиле сериозно кривично дело или ги прекршиле човековите права.

Текстот на нацрт-законот, кој допрва треба да биде усвоен од Сенатот и потпишан од претседателот, е насочен кон поединци и компании кои поддржуваат тероризам или извршители на кибер напади.

Предлог-законот го овластува Министерството за надворешни работи да ги вклучи лицата фатени во такви злосторства на списоците за санкции на Европската Унија или Чешка.

„Чешката Република сега ќе има алатка против секој кој ги крши човековите права, поддржува тероризам или се вклучува во кибер напади“, напиша чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на Твитер.

Предлог-законот е инспириран од таканаречениот Закон Магнитски, усвоен во САД во 2012 година и насочен кон лица за кои се сомнева дека се поврзани со смртта на рускиот адвокат Сергеј Магнитски во затвор.

Чешката влада првично планираше да го донесе законот до крајот на 2023 година, но процесот беше забрзан со руската инвазија на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница