Чешка побара вакцини против Ковид-19 од Кина

Од:

Претседателот на Чешка, Милош Земан разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за испорака на вакцини против Ковид-19, објавија чешките медиуми. Во соопштението на Амбасадата на Чешка во Пекинг, Кина одлучила „веднаш да одговори“ на барањето.

Земан слична молба упати и до Русија за достава на вакцината Спутник. Досега само Унгарија од земјите-членки на Европска Унија го имунизира населението со кинеската вакцина на Синофарм.

Од почетокот на андемијата во Чешка, која има 10,7 милиони жители, со Ковид-19 се инфицирале речиси 1,3 милиони луѓе и регистрирани се над 20.900 смртни случаи.

Во Чешка досега граѓаните примиле 702.000 дози вакцини на Фајзер/БиоНтек, на Модерна и на АстраЗенека.

Чешка и Словачка каде е зголемен бројот на новозаразени ќе добијат дополнителни дози вакцина на Фајзер/БиоНтек од своите партнери во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Чешка ги укинува вакциналните серификати за влез во ресторани и на спортски натпревари

Катерина Ѓуровски

Kина досега дистрибуирала над 700 милиони вакцини во повеќе од 100 земји

Вучиќ ќе прими и трета доза вакцина против Ковид-19

Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против коронавирус

Кина ја одобри за итна употреба вакцината Синовак за деца на возраст од 3 до 17 години

Уште еден министер за здравство на Чешка поднесува оставка